top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

Повик за учество на млади поети на „Скопје СИ ТИ“ во рамките на „Денови на поезијата“ во Скопје Сити Мол

Драги наши млади поети и поетеси, доколку сте на возраст од 16 до 25 години и пишувате урбана поезија, особено посветена на Скопје, еве прилика вашите песни да допрат до публиката!


Имено, во периодот од 21 до 24 март, Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, ПНВ Публикации и Култура Бета го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата.


Еден од настаните е и „Скопје СИ ТИ“ ‒ предвиден како настан за поддршка на младите поети почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, нудејќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати.


Заинтересираните учесници треба да испратат куса биографија и две свои песни на тема Скопје или, воопшто, урбана поезија, во Word документ на мејлот kulturabeta@yahoo.com најдоцна до 6-ти март.


Имињата на одбраните поети учесници на настанот ќе бидат објавени на 13 март на фејсбук и на инстаграм страниците на Култура Бета и ПНВ Публикации, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во Скопје Сити Мол на 24 март, со почеток од 19:30 часот.

Recent Posts

See All

Песна од Ева Спасевска

*** Одвреме-навреме, во сон ќе го видам неговиот лик како на слика кој лицемерно ќе ме праша дали сум жива - „добро сум“ е секогаш моја...

Comments


bottom of page