На 27 март 2023 година во просториите на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје се случи второто издание на „Орцашка вечер на поезијата“. Меѓу учесниците имаше и младе орцаши кој штотуку почнуваат со пишување поезија, па имаа можност да ја претстават својата поезија пред публиката. Во следните неколку недели ќе претставиме песни неколку млади поети и поетеси кои земаа учество во настанот. Прва е Илина Динева со песната „Поглед во огледалото“.
Поглед во огледалото
Низ пароксизмот на дисколијата, Пригушен од меланхолијата, Во огледало се гледа еден човек Кој себеси ќе се мрази довек.
Човек што несебично бидуваше слуга И среќата ја потроши на нечија среќа туѓа. Роб кој без перцепција за себство Го изгуби од својата младост сето волшебство.
Копнеж по моментите неизживеани, Болка од сите маки преживеани... Години изминати во агонија Неговата последна надеж ја прогонија. На крај остана една силуета темна, Проследена со огромна омраза земна. И завршеток со отсуство на почеток за мрачната сенка Која се гледа во огледалната површина тенка.
Илина Динева има 17 години и е ученичка во гимназијата Орце Николов. Својата пасија за поезија ја открива во втората половина од нејзиното основно образование. За неа поезијата претставува место на кое што може да побегне од реалноста и да се задлабочи во своите мисли.
Comments