top of page
Writer's pictureКултура β

Поезија од Марко Иван Кочишки (учесник на „Отскочна даска“ на 3. СПФ)

Ги објавуваме песните на 15-те учесници на „Отскочна даска #2“, преднастан за млади поети и поетеси на 3. Скопски поетски фестивал. Во продолжение може да ги прочитате двете песни на младиот поет Марко Иван Кочишки кој беше еден од петте финалисти на втората „Отскочна даска“.


Марко Иван Кочишки е од Скопје, има 17 г. и е сѐ уште во средно. Неговите главни интереси се да слуша и креира музика и да пишува поезија.



1. Цутење и овенување

Сношти огнот се изгасна Барав помош да го запалам пак Гласот бигор ми фати од зборови Се создаде ти Од немир Скриен зад чад и сенка Пламенот беше мал Пробав да го запалам Се запалив сам Изгорев прст два Легнав уморен Те видов во сон Сам, уплашен и вознемирен Се двоумеше меѓу Цутење и овенување


2. Загуба

Се шетам по улициве темни Се вртам насекаде улиците се слепи изгубен сум во главата и ритамот ми замина трчам за да го фатам сонцето жолто тоа зајдува Станува темно и ладно Си доаѓам дома тонам и пропаѓам Се гушам и се давам Се заробувам Ѕвездите светат силно Се кријам под облаците Овие денови Кога сонцето веќе заоѓа



Comments


bottom of page