Во соработка со „Скопски поетски фестивал“ објавуваме четири избрани песни од поетската работилница која се одржа во рамки навторото издание на фестивалот.
Третата песна можеби ќе ви го подели светот на два, но дефинитивно не е зла – Илија Вишинов со своја песна:
не ја гледам вистината
кога си ми мисла зла
разбирањето на светот ми се дели на два
А во продолжение споделуваме и уште една песна на Вишинов:
Нов светоглед
На себе издлабив епитафот
на едно сега друго време - бреме окожено,
на еден сега друг човек - вечно окончан.
На премин кон нов свет - свет светоглед,
ѝ верувам на дланкава
лефтерно да пишува до епилог спокоен.
Не ја преколнувам повеќе за немири испишани,
несвесно препишани од домашни учебници.
Фото: приватна архива
Comentarios