Каменот Остар
Во раката носев камен.
Долго зјапав во него.
Не знам како стигна тука.
Почнав да барам –
ништо не најдов.
Се осетив празно,
па, решив да го фрлам.
Останав гола, избезумена.
Почна да ми студи.
Пак почнав да барам,
пак ништо не најдов.
Тогаш, косата ми падна.
После неа
почнав како кромид да се лупам.
Слој по слој,
се осетив полна.
Comments