top of page
Writer's pictureКултура β

„Песна“ од Анџуман

Надија Анџуман

Песна


Немам желба да прозборам.

За што да пеам?

Јас, која сум мразена од животот.

Нема разлика дали ќе се пее или не.

Зошто да зборувам за сладост,

кога чуствувам горчина?

О, гозба на угнетувачот.

Зачука во мојата уста.

Немам придружник во животот.

За кого да бидам речита?

Нема разлика дали ќе се збори, смее,

умира или биде.

Јас и мојата напната осаменост.

Со тага и жал.

Родена за ништожност.

Мојата уста треба да биде запечатена.

О, моето срце треба да знае за пролетта

и кога е време да се слави.

Но, што да правам со заробеново крило

што не ми дозволува да полетам?

Предолго молчев.

Но, никогаш не ја заборавив мелодијата.

Секој момент ги шепотам

песните од моето срце.

Потсетувајќи се себе си на денот

кога ќе го скршам овој кафез.

Кога ќе полетам од оваа осаменост.

Ќе пеам како меланхолик.

Јас не сум слаба топола

да се потресе од секој ветер.

Јас сум Авганистанка.

Има смисла само да оплакувам.


Препев: Јована Давиткова


***


Nadia Anjuman

Poezia


S’dua ta qel gojën!

Për çka të këndoj?!

Unë, që jam e urryer nga jeta.

Nuk bën dallim a këndoj apo nuk këndoj.

Pse të flas ëmbël, kur ndjej të hidhurën?!

Oh, festa e tiranit që më rrëmbeu gjuhën.

Për kë të jesha e ëmbël?

Kur nuk kam asnjë bashkëudhëtar në këtë jetë.

Nuk dallon asgjë nëse flas apo qesh, a do vdes a do mbes.

Unë dhe vetmia ima e forcuar, në pikëllim e trishtim.

Unë që jam lindur për asgjë.


Përgatitje: Afije Sherifi


Comments


bottom of page