Стихови од младата поетеса Викторија Ангеловска што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.
„ноќите се шумови што се провлекуваат низ постелата, сосема се кратки. кротко си заминуваат. што ако тебе чувството во коските ти е исто ко вечност?“
Викторија Ангеловска е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.
Во среќната 13-ка, покрај Ангеловска, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Ивана Јовановска, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.
Comments