top of page

Отскочна даска | Андреј Медиќ Лазаревски

  • Writer: Култура β
    Култура β
  • Aug 18, 2022
  • 1 min read

Извадок од песната „Дијаболичноста на нашата еротика“ на младиот поет Андреј Медиќ Лазаревски што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

„Љубена те мислев,

два пола сме од дијабола.

Светоста на нашата еротика

и близината обична.

Дихотомична двојност,

а едност сме сторени.

Далечна те мислев,

но ти си ми љубена.“


Андреј Медиќ Лазаревски е еден од поетите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Медиќ Лазаревски, влегоа и: Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Ивана Јовановска, Иван Николов, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.



 

Повеќе од Андреј Медиќ Лазаревски на следниве линкови:










Comentários


bottom of page