Извадок од песната „Дланки за војна“ на младата поетеса Софија Тодороска што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.
„Гледај во овие дланки и барај...
Таков предел оплиснат со тишина,
таква каква што носеа првите зборови“
Софија Тодороска е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.
Во среќната 13-ка, покрај Тодороска, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова и Филипа Сара Попова.
Повеќе од Софија Тодороска на следниве линкови:
Comments