top of page
Writer's pictureКултура β

Отскочна даска | Марија Велинова

Извадок од песната „Омарина што омалаксува“ на младата поетеса Марија Велинова што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.

„среде пустелија во сушни предели

низ црвени денови од жештина предизвикани,

стои стомна земјена

стои - опстојува,

пука - напукнува.

Намини шутни ја,

велат среќа било,

пројди, помини,

поздрави ловџија.

(пукна!)“


Марија Велинова е една од поетесите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.


Во среќната 13-ка, покрај Велинова, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Иван Николов, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.



 

Повеќе од Марија Велинова на следниве линкови:








Commentaires


bottom of page