Извадок од песната „Зарем не умрел Македонецо во мене“ на младиот поет Иван Николов што ќе настапи на поетската вечер „Отскочна даска“, читање за млади, дел од офф програмата на 2. Скопски поетски фестивал.
„Се продадовме за љубов
ама сега сме слободни.
Сакам да сме еден до друг,
како порано што бевме комотни.“
Иван Николов е еден од поетите кои се дел од среќната 13-ка за „Отскочна даска“, поетско читање за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години, што ќе му претходи на „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа песни од 42 автор(к)и, од кои одбравме 13-мина што ќе учествуваат на настанот.
Во среќната 13-ка, покрај Николов, влегоа и: Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Дамјан Златановски, Ива Петреска, Ивана Јовановска, Лука Иванов, Љубица Петровска, Марија Велинова, Марија Јанчевска, Павлинка Ристова, Софија Тодороска и Филипа Сара Попова.
Повеќе од Иван Николов на следниве линкови:
Comments