top of page
Writer's pictureКултура β

Општествената критика во „Пофалба на глупоста“ на Еразмо Ротердамски

Пишува: Михаела Стевковска


Целта на оваа пофалба е преку шегата читателот да извлече некоја поука. Ротердамски кажува дека на многу паметен начин ја пофалил глупоста бидејќи неименувајќи никој конкретно туку со генерална критика ги прикажува недостатоците во општеството.


Тоа е остварено како говор на Глупоста кој не е поделен на поглавја, штом се започне со читањето нема место на коешто може да се направи пауза без да ја прекинеш во зборувањето. Уште еден начин на кој се отсликува влијанието на Глупоста поточно кога Глупоста зборува, сите ја слушаат без прекин.


Нејзината беседа е напишана така што секој поединец може лесно да се пронајде во нештата што таа ги зборува, така што преку општ приказ на човековите маани, да се разбуди свеста на човекот за сопствените маани.


Текстот може да го преземете и прочитате тука:


 

Михаела Стевковска има 21 година и е студентка на Катедрата по општа и компаративна книжевност при Филолошки факултет.


„При пожар дома, прво ќе си ги спасам книгите. Сакам музика, кафе, дождлив ден само ако сум дома и терапија ми е да шетам покрај кеј. Сон ми е еден ден да работам во издавачка куќа како уредник, а, ако ме дувне натаму ветрот, може да сум и теоретичар по книжевност во слободно време.“


Comments


bottom of page