неизреченоста
овој пат нема да ме спаси.
немам веќе каде да бегам
кога гледајќи ме во очи
ме прашуваш сѐ што некогаш сум сакала да бидам прашана.
неизреченоста веќе не е ни опција.
не ми даваш да ми е опција.
ме прашуваш пак и пак
сѐ додека искреноста веќе нема каде да бега.
(а, признавам дека мојата искреност
многу вешто знае да се крие).
и повторно јас
си дозволувам да заборавам
дека после вистината следува мир
до кој нема како да се стигне
освен преку тешкото соочување
со сѐ,
дури и со она лошото.
Надица Банишка е дипломиран педагог, активист и е дел од независната културна сцена и прави заложби за нејзина промоција. Кон сите аспекти од нејзиниот живот настапува со голема пасија за правење општествени промени, па така и со поезијата се стреми да ги избутка границите на човековата емпатија.
Comments