Месечеви мени
Првпат беше полна
ниско на хоризонтот
во јарка боја црвена,
не знам само
дал’ љубовна, дал’ крвава.
Потоа веќе се имаше намалено
на некојаси последна четвртина,
прва ли половина,
а некогаш на небото голотија.
Авиони, сателити,
мали и големи
ѕвезди или мечки
на небо распослани.
А на земја
само два пара очи,
две испреплетени дланки
и две души збунети.
Последно беше
на прва четвртина,
но таа ноќ беше невидлива.
А месечевите мени останаа без вина
што нашето видување не го бидуваше.
Comments