Мило ми е што имам силен почеток на година и ви пишувам по вторпат месецов. Годинава ја започнавме со песна, хахаха, но месецов нема да зборуваме за конкретен бенд или артист, туку за една доста интересна иницијатива која е многу слична во нејзините цели како и нашата драга „Култура Бета“. Ви зборувам за Xotel Music – музичка платформа која се занимава со промоција на нови, како и на веќе етаблирани музичари од Македонија и пошироко, односно како што велат самите „од Битола до Токио“.
Xotel е проект основан во 2019, кога се објавени 5 епизоди со артисти како Дани Димитровска, Наско, ZeeBomb, и Next to Silence. По три години пауза, Xotel се враќа пак на сцената со 12 објавени епизоди каде во малку поитнимна атмосфера можеме да ги видиме и слушнеме нашите омилени домашни артисти како влегуваат во занес и создаваат магија преку музиката која ја изведуваат.
Останете со нас до крајот на месецов, затоа што ќе имаме прилика подобро да се запознаеме со работата на Xotel, нивните почетоци и клучното прашање на секој „демек“ новинар како мене, зошто и како решиле да го прават тоа што го прават.
Се читаме наредна недела, а до тогаш Xotel можете да ги следите и поддржите на следните платформи:
Comments