Хана: Добре дојдовте, дечки, во нашата рубика, се надеваме дека ве наоѓаме во добро расположение. Поради тоа што нѐ немаше подолго време, сакаме да се оддолжиме со тоа што ви спремивме нешто поразлично од содржината досега. Овој месец се наоѓаме во центарот на спојување со повеќе уметности. Ноември го посветуваме на мјузиклот „Чикаго“. Поспецифично, ќе обрнеме внимание на филмската адаптација на мјузиклот од 2002 година, под режија на Роб Маршал, со ансамбл од Рене Зелвегер, Кeтрин Зета Џоунс и Ричард Гир и музика на Џон Кендер и Фред Еб.
Борис: Иако има доста да се зборува само за музиката оригнилано напишана за истоимениот сценски мјузикл од 1975 година. Оваа прилика сакаме да ја искористиме обрнувајќи внимание на сите елементи и уметности кои се спојуваат во ова унитарно маестрално уметничко дело.
Хана: Ќе почнеме со првата нумера од филмот која временски, сценски и музикално го најавува филмот и го поставува тонот за она што ќе го очекуваме понатаму.
Хана: Нумерата почнува со труба која успешно ги отсвирува главните ноти на песната, на почеток блендирајќи со интрото во филмот. Некаде околу 20 секунди од песната инструментот е нагло прекинат со машко одбројување кое драстично го менува ритамот на песната со слободен инструментален џез кој се провелкува во позадина во наредните минута и пол давајќи му простор на филмското дејство да дојде до израз кој е во совршен ритам со музиката, акцентријаќи ја театралната и музикална основа на филмот. На почетокот на втората минута се враќа оригиналниот ритам на песната и сме соочени со водвиљ шоу од Вилма Кели (Кетрин Зета Џоунс) една од главните улоги во филмот.
Борис: Оваа нумера е од особено значење како индивидуално музичко дело, затоа што соврешно го инкапсулира талентот на Џон Кендер да ја оживее есенцијата на америнаксата џез доба. Од особено значење е и за развивање на дејството на филмот, затоа што преку неа се запознаваме со другата главна улога Рокси Харт (Рене Зелвегер) чии сцени се одвиваат паралаелно со водвиљ шоуто и се совршено синхноризирани со ритамот на песната, скоро како да се дел од нејзината кореографија.
Хана: Следната песна е Funny Honey изведена од Рене која навидум изгледа на љубовна песна која Рокси Харт му ја посветува на нејзиниот сопруг.
Хана: На почетокот Рокси ја гледаме во светло во кое сака да ја гледаме како нежна, кротка, елегантна жена посветена на својот сопруг. Инструментите во позадина додаваат во прикажувањето на таа слика, земајќи примеси од смут џез. Како што се развива песната и дејството во сцената со нејзе, почнува да излегува на површина нејзиниот „дива“ карактер кој кулминира со груби вокали кои ја изразуваат нејзината егоцентричност и избувливост.
Борис: Па не би рекол дека му ја посветува на сопругот затоа што ако го погледнеме текстот уште од самиот старт го омаловажува неговиот изглед и интелект.
Хана: Во право си, но ако го земеме предвид карактерот на сопругот, Ејмус, не мислам дека би го сфатил тоа однапред, како што и нѐ насочува самата сцена да размислуваме.
Борис: Уу, добра поента, ми се допаѓа тоа двојно значење на песната.
Борис: Со следната песна се запознаваме со кардинален карактер од филмот, Мама Мортон (Квин Латифа).
Борис: Мене лично ми е една од омилените песни од мјузиклот првенствено затоа што е забавна и заразна. Преку тексот и музиката доаѓа до израз карактерот на Мама Мортон и нејзината улога во однос на дејството на филмот. Мора да се спомне разновидноста на Квин во однос на нејзините вокални способности и сценска извдеба. Се гледа дека дава сѐ од себе и целосно се соединува со карактерот. Според мене оваа е типична водвиљ изведба каде што повеќе се става акцент на театарот отколку на музиката, а музиката служи само како следбеник на текстот кој се раскажува во стихови.
Хана: Следната точка според мене и според многу критичари е најдобриот дел од филмот од почеток докрај.
Хана: Ова е точката која за мене претставува кулминација на сите елементи од филмот, затоа што тука се спојуваат најдоброто од глума, танц, музика, текст, камера, монтажа, театар, сценографија и костимографија што филмот може да го понуди. За оваа песна знам пред филмот и поради нејзе решив да го гледам, една од најдобрите одлуки што ја имам направено како конзумер на филмска уметност. За песнава можам да зборувам со часови, ама ќе се потрудам во две реченици. Ја сметам за феминистичка химна иако е многу далеку од тоа. Начинот на кој што се глорифицирани убиствата опеана во песната, со тон на возвишување на жената, сексипилот и сенсузализмот во костимите и кореографиите и самиот перформанс и вокал на актерките, те прави да се соживееш со нивните приказни и на многу циничен начин да ги разбереш. Мислам дека ова е маестрално испланирано од целата екипа која е заслужна за создавање на ова дело, да го стави гледачот во седиштето на поротата и да го заслепат исто како што ја заслепуваат јавноста и поротата.
Борис: Со тоа што го спомнавме заслепувањето на поротата, сега имаме совршена прилика да претставиме уште еден основен карактер од филмот, односно, мајсторот кој манипулира со сите „кукли“ што стојат зад решетките на редот на женски убијци.
Хана: Првата песна со која го запознаваме Били Флин (Ричарт Гир), слаткоречивиот адвокат е „All I Care About“.
Борис: Првпат кога ја слушнав песнава, многу ме потсети на „New York, New York“ од Френк Синатра и начинот на којшто Били Флин е претставен преку оваа песна ме потсетува на Синатра, затоа што и двајцата ги доживувам како скромни, нардони луѓе, кои „не сакаат ништо освен љубов“ и се претставени суптилно криејќи го нивниот сексипил преку нивната скромност и љубезност. Понатаму, сфатив дека овие две песни ми се слични затоа што се напишани од истиот автор и сега сум во зајачка дупка пробувајки да сфатам што всушност е џез и од каде потекнува.
Хана: Следната песна со која подетално и поинтимно се запознаваме со Били е и причината зошто претходно Борис го нарече мајстор на кукли.
Борис: По самиот наслов на линкот може да го видиме значењето на оваа нумера.
Хана: Она што е специфично за овој филм е тоа што музичките перформанси се испреплетени со играните сцени кои подеднакво придонесуваат во раскажување на приказната и му даваат двојно значење на дејството кое се одвива.
Борис: Оваа нумера најочигледно го покажува ова преку тап танцот и играта со марионети. Начинот на којшто овие два сегмента од филмот се испреплетени за мене наликува на еден вид на кршење на четвртиот ѕид на начин што музичките сцени ни даваат увид во она што се случува во умовите на ликовите во споредба со она што објективно е прикажано преку играните сцени. Во некои моменти дури и се чувствувам како сите музични сегменти да се само дел од имагинацијата на Рокси Харт.
Хана: Останаа уште неколку песни кои не ги обработивме, затоа што сметам дека ако на сите им го обрнеме истото внимание нема да се доискажеме, само пробавме да се фокусираме на оние кои ни оставија најголем впечаток.
Борис: Во секој случај, се надеваме дека ова досега е доволно за да ви создаде некаква слика за филмот и музиката и дека ќе ве заинтригира за да го гледате, ако не сте го гледале досега.
Хана: Имав особена чест и прилика да го гледам овој мјузикл во живо на Бродвеј и морам да признаам дека она што се гради со овој мјузикл од 1927 со неговото прво појавување како театарска претстава, па во 1975 за првпат како сценски мјузикл, потоа во 2002 ставен на платно и пред малите екрани, па сѐ до неговото реанимирање на сцените на Бродвеј и пошироко, навистина го издржа тестот на времето и останува да биде еден од најпризнатите, најпознати и најизведувани мјузикли во светот.
Борис: Тоа беше сѐ од нас за овој месец, се надевам дека уживавте додека читавте. Се читаме наредна прилика!
コメント