top of page
Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

Хана и Борис во дијалог за албумот: Hellfire - Black Midi

хелфајер велком то хел сун тзу да рејс стил ит мен ит 27

Здраво на сите, се надевам дека сте спремни за ова. За јули ви го спремивме албумот Hellfire објaвен на 15 јули 2022 година од англискиот бенд Black Midi. Со нивните непостојани ритми и експлозивни звуци на пост-панкерска, прогресивна рок-џез фузија го издаваат нивниот трет албум каде што не се срамат да истакнат елементи од кабаре, кантри, фламенко и шоу тун во комплексно и зачворено ремек дело кое и самиот фронтмен гордо го истакнува како епски акционен филм.



Издаден е со своја измислена азбука и криптични пораки рассеани низ музиката, очигледни и длабоко сокриени. Албумот ја следи наративата на 7 карактери и скока помеѓу прво и трето лице, како што скока од тема на тема. Од општествени проблеми, неправда, нервоза, проституција, бесцелност, војна, рудари и се измеѓу, инспирирано од секојдневни и лични случувања, религиозни текстови и реки во Перу.



Навистина има премногу за зборување за нивната музика




Прв пат ги слушнав во живо, каде што ја имав честа да ги запознаам и да делам пифце со нив, и оттогаш сум приврзан за нивната музика.



Јас првпат ги слушнав на видео снимка од еден концерт во живо. Првата импресија ми беше дека создаваат совршена хаотична енергија типична за фестивал и од тогаш имам желба да ги видам некогаш на фестивал. Првата песна го носи името на албумот, , и уште одма започнува со познатиот ‘хаос’ на блек миди.



Марширачки ритам ја започнува песната заедно со наративата која влегува избезумно и нагло, и постојано забрзуваат заедно и се мешаат во безумни размислуванја и непостоечки хармонии. Навистина како да ги претставуваат огништата во пеколот.


Тешко е да се разбере текстот дека нараторот понекогаш зборува јасно како топ шоп реклама и нагло преминува во опомената после реклама за апчиња, но всушност нараторот ни кажува за ништо.



Многу иронично со тоа што првиот стих гласи: „секогаш има нешто“.





Да, но покрај тоа ни дрдори за бесцелноста, за краткоста на животот, забрзувањето на смртта. Дрдори за тоа како се бецсмислено се движи во круг или следи некој зинџир, и како за секој збор кажан и слушнат стои закачена замка.




Да, но понатаму зборува за транзицијата на мртвото тело, како се му се брише, од мемориите, видот, звукот, до самата празнина на телото, па се буди во подземниот свет одново, како празен лист хартија, не знаејки дека предходно живеел, па нараторот горчливо му коментира на неговиот живот.


И сѐ тоа, самото по себе е бесцелно дека самото тело не е свесно да ги слушне коментарите. Ваквиот осакатувачки нихилизам со ироничен подтон ни го претставува нараторот, односно првиот карактер во албумот, Ѓаволот.



Токму кога телото се буди и го препознава, па нагло се менува музиката од зуење и бучење, во онаква како на старите том и џери цртани, додека ѓаволот, од едно нервозно мрчење, сега го повикува на портите од пеколот со топло ‘добредојде’



Колку брзо и што започна песната, така и ќе заврши, со само една секунда пауза, ѕвонче, и телепортирани сме во предните седишта на битката на векот помеѓу воен генерал и патлиџан.




Оваа песна совршено го претставува бубњарот, Морган Симпсон. Нежните смирени џез ликови, и спонтаниот премин во бомбардни филови кои ги отсвирува во милисекунда. Свири како да е октопод и навистина не постои подобар човек што може да го спои хаотичниот звук на блек миди.


И секогаш свири со цигарче во уста.





Забрзан џез скока горе доле слично како бумбаров лет, и силни удари ја претставуваат битката помеѓу, како што рече Хана, воениот генерал и патлиџанот, кои секако не се буквални туку алегорични.



Токму така. Тие ја претставуваат според мене алчноста и себичноста, преварата и незаслугата. Овде нараторот ни се претставува како егоистичен, наместо нихилистичен, и наместо ѓаволот - сега е дете високо точно 1 метар.



Приказната е многу совршено прикажана и во самиот спот, единственото видео на бендот кое директно ја следи наративата на песната, и секако ќе мора да ја слушнете песната, за да го дознаете крајниот резултат на битката, и нарцистичниот заклучок на нараторот.


И крајот на песната ми е генијален. Начинот на кој што ствара нервозна тензија и огромно градење и спремање кон климаксот, се е полудено, ноти се качуваат и наеднаш скока во наредната песна.


Во оваа песна имаме различна постава на бендот, односно истите луѓе се, само фронтменот и басистот менуваат инструменти, и тоа носи сосема различен тон, звук, боја и глас на песната.



Да, гласот на басистот е по смирен и незен во споредба со грубоста на Џорџи, и самиот текст е по поетичен наместо директен. А со промената на инструменти добиваме различни стилови и техники на изведба.




И приказната е луда! Се накратко кажано се работи за двајца рудари во пустина како си ги бараат пријателите кои нивниот надлежник ги форсира да јадат виски, кромид и чили пиперки додека стомакот не им експлодира за да после да ја соберат течноста и да ја продаваат ко луксузно вино.




Што?






Да, и сето ова е со религиозен подтекст и општествени коментари, алегорично објаснува случувања од вистинска компанија за руда, која ја предизвикала црвената боја на познатата река во перу. Ви препорачувам да го читате интервјуто на басистот Камерон ОВДЕ!



Ваквиот диктаторски наратив продолжува во наредната песна, нашата лична омилена, Welcome to Hell.






Она што ми ја прави песната омилена е начинот на кој Џорди ги цитира хорорите и неболуозите на војната кои споени со брзиот и ударен ритам создаваат слика за вистински пекол. Текстот воедно изгледа површен и ироничен но сепак длабок и циничен што за мене е совршена метафора за војна.



За мене е исто таа агресија која драматично ескалира, со скоро аренска атмосфера. Навистина е свечено непосакано ‘добредојде’ во нечив пекол. Нараторот толку едноставно те внесува во песната, ти го претставува хаосот и менливоста на човечките мисли како да е во војна со самата музика.




Албумот е комплексна композиција која раскажува приказна која навлегува длабоко во темните одаи на човечката психа. Конкретно оваа песна ги расчепкува најстрашните потенцијали што може да ги постигне човечкиот ум и однесување. Става светло на најнечовечните опкружувања во општеството, но не за да покрене свест туку за да го исплаши оној кој го восприема ова ремек дело.


Албумот е испревртен, измешан а сурово директен за темите кои ги насочува. Музиката според мене е револуционерна и луѓето се физичкиот пример за талент. Еден од омилените албуми ми е и едноставно морате да го слушнете




Се читаме нареден месец.






Comments


bottom of page