Добредојдовте назад во рубриката каде јас и Борис зборуваме за албуми кои ни се интересни. Овој месец ќе зборуваме за Everything You’ve Come to Expect, од англиската супергрупа The Last Shadow Puppets. Ова е вториот албум на овој бенд, напишан од двајцата фронтмени Alex Turner и Miles Kane во 2015 и објавен на први април 2016.
Интересен факт за албумов, девојката на каверот на албумот е Tina Turner.
Кавер на албумот. Извор: „Everything You've Come to Expect“ , Domino Records, Jack Robinson., Inc, 10 February 2016, http://is5.mzstatic.com/image/thumb/Music49/v4/59/af/54/59af54ad-d8bc-62c2-a583-85a9b21379ec/source/10000x10000bb.jpg
За љубителите на Arctic Monkeys ова е одлична алтернатива каде што можете да го приметите влијанието на овој дует врз новите два албуми на Arctic Monkeys. Многу се чудни и експериментални и го истражуваат жанрот кој можам да го опишам како ‘’музика за хорор филмови од 70-тите, ама не баш“.
Се согласувам со делот за музика од хорор филм, меѓутоа воопшто не би ги нарекла експериментални.
Ова е првиот албум што го слушам од бендов и имам измешани чувства. Alex Turner има многу впечатлив глас и тешко е да не го препознаеш кога ќе го слушнеш. Пред да го слушнам овој албум, мислев дека таа специфична боја на глас е препознатлива за Arctic Monkeys и дека со тоа, Turner како пејач, се адаптира на идентитетот на бендот. Така што, прв пат кога го слушнав албмуот, добив впечаток како да слушам некој заборавен албум на Arctic Monkeys кој не сум го слушнала претходно.
Да, многу му е впечатлив гласот за неговата музика, меѓутоа самата музика многу варира бидејќи секој албум од неговата соло кариера и останати проекти е направен под влијание и импресии од други групи и соло артисти со кои што се дружи и свири. На пример Josh Homme од Queens of the Stone Age има директно влијание врз повеќето албуми на Arctic Monkeys, и дури и се појавува во неколку песни. Исто така и овој албум што го обработуваме, заедно со Miles Kane служат како влијание и потпора за последните 2 албуми на AM. Како и да е, ги сметам за експериментални бидејќи знаат да употребат се од Dr Dre битови до психоделичен рок.
Ај кажи ми каде го има влијанието од Dr Dre, бидејќи јас не го слушам никаде во албумов и плус не го слушам Dr Dre.
Па еден пример за тоа е песната Pattern.
Комбинацијата на гитарата и синтисајзерот ме потсеќа на стари хип хоп песни од Dr Dre и 50 Cent; нешто како отварањето на GTA San Andreas.
Сега кога ја слушам песнава, дознав една ствар што многу ми се допаѓа
за Miles Kane. А тоа е адаптабилноста на неговиот глас. Во овој албум тој се појавува како главен вокал во отприлика пола од песните и скоро е невозможно да го разграничам од Alex Turner.
Меѓутоа во песната Dealer на Lana Del Rey неговиот глас зафаќа целосно нова форма. Многу ми се допаѓа метаморфозичната способност на неговиот вокал, што е целосно спротивно од специфичниот вокал на Alex Turner и овие два поларитети го прават нивното дуо многу динамично според мене.
Се согласувам за Miles Kane, навистина има многу диверзен глас и штета е што не го слушаме доволно како главен вокал во проектов, но баш затоа многу повеќе сјае во инструменталите. И Alex има многу способен и диверзен глас, но повеќето од времето пее ‘’разговорливо’’, меѓутоа огромна е разликата кога го враќа неговиот моќен панкерски глас како во песната Bad Habits.
Леле Борис… Прво, Alex Turner пее разговорливо само ако разговорливо значи пијан човек што пробува да сврзе една реченица. Второ, апсолутно не е огромна разликата помеѓу неговиот „разговорлив“ и „панкерски“ глас, ако воопшто постои едно од овие две кај него. И трето, во таа песна, единствен вокалист е Kane…
Хана, прво, оу… Епа многу звучи на Alex во рани 2000ти хахахаха. Второ, дали некогаш во животот имаш слушнато Британец како прави муабет. Најголем дел од нивната култура се пиво и пабови, нормално дека ќе звучат пијани.
Океј, извини ако си експерт по британска култура, не знаев дека за тоа треба да зборуваме сега…
Океј. Исто така, песнава ја обожавам бидејќи многу ми звучи на нешто од Scooby Doo (цртанот ама стариот). А следната песна е според мене поларната спротивност од претходнава, и ме потсетува на Spiderman кога Mary Jane му вика ‘’go get ‘em, tiger.’’ - Miracle Aligner.
Има и друга работа според мене поврзана со таа реплика што се јавува како стих во песната „Miracle Aligner“. Стихот е „Miracle aligner, go and get them tiger“ што ја има истата енергија како „See you later, innovator“ од Brianstorm на Arctic Monkeys. И на двете песни Alex Turner е потпишан како текстописец што значи дека негова измислица се вкави рими и ми се многу дедовски искрено, ама и ми се смешни.
Па да, стилот на пишување му е како да пее брзозборки. И интересна е споредбата со Brianstorm, бидејќи содржината им е многу слична. Во едната песна пеат за некој човек што е семоќен со хаотична енергија и знае да се журка бекстејџ, додека другата е исто така за некој семоќен човек ама со елегантна енергија. Ги замислувам како песните на некој суперхерој и неговиот противник, но двајцата злоупотребуваат девојчиња како хоби.
Знаам, има многу песни напишани на епски начин каде што главниот лик е манијак и злоупотребува девојчиња. И многу е битно во кој период од животот ги слушаш тие песни, затоа што различно ги доживуваш на 16 и на 20 години. Меѓутоа, има една песна од албумов која ми е особено романтична и сосема спротивно од ова сега што го зборуваме. Мислам на Sweet Dreams, TN.
Леле, таа ми е омилена песна. Обожавам колку е гола, груба и експлицитна и толку е романтична и жива што воопшто нема потреба од метафори за да додадат на ефектот.
Само што има метофори, особено во последната строфа. „It's love like a tongue in a nostril. Love like an ache in the jaw. You're the first day of spring with a septum piercing“.Искрено воопшто не го сфаќам последниов стих, ми звучи на некој цитатот од Tumblr што би ми бил во био на Инстаграм на 16 години.
Па веројатно имала пирс на носот хахаха. Инаку, песнава ја напишал Alex за неговата тогашна девојка, и затоа звучи толку лична. Додека во другите песни Alex и Kane пеат за и од перспектива на некои нивни измислени карактери, ова е единствената песна со вистинита приказна зад неа. Исто така, во насловот, TN стои за Тенеси, а девојката била од Оклахома.
Што ако, Miles Kane е девојката? Шала на страна, ептен ми се секси и двајцата, особено како дуо. Не можам да опишам како го доживувам нивниот однос и динамика. Гледајте го спотот на Miracle Aligner и ќе сфатите за што зборувам. Првата сцена ми е просто убиствена.
Да бе, толку се внесени во нивниот ‘bromance’ што долго време имаше спекулација дека се во тајна врска.
Епа тоа е моментот, така сфаќаш всушност колку се моќни како дуо.
Буквално истото го кажав. Епа штом почнавме да се повторуваме тоа значи дека немаме ништо повеќе да кажеме во моментов.
Епа тоа е тоа за овој месец дечки, вас ви останува да го слушнете албумот и да го почувствувате тоа што го зборувавме јас и Борис.
Кога ќе го слушате албумот би ви препорачал да почнете со Aviation.
Се слушаме во декември.во поинакво и подинамично издание ;).
Comments