Хана: Инспирирани од Андреј, кој многу сака да прави листи, решивме и јас и Борис да направиме листа од 10 албуми кои ги утепавме од слушање во 2024 година. Листава, инаку, не е по никаков хиерархиски ред туку според тоа што прво ни текна. Така што, слушнете ги и вие одлучете кој е најлош.
Борис: Првиот албум што ми текна е „6 Feet Beneath the Moon“ - King Krule
Борис: Дебитантскиот албум на Кинг Круле, објавен во 2013 со 14 песни. Ми се допаѓа поради тинејџерското лирско филозофирање со нежно, нервозно, сурово и кревко музичко изразување кое ве праќа спирално низ бескрајното море од одглас, заразувачка гитара и освежително искрени стихови.
Хана: „Далеку од вистинското нешто“ - Луфтханза.
Хана: Четвртиот албум под тоа име објавен во 2024 со 9 песни. Во овој албум најмногу се доловува принципот на „целината е поголема од збирот на нејзините делови“. Несомнено омилена ми е Јапонија
Борис: „Rapscallions“ - Giedi Prime
Борис: Дебитансктиот албум на чешкиот бенд објавен во 2021 со 10 песни. Чист, дестилиран електро блуз рок во неговата најбистра форма. Забавно, возбудливо за слушање и претставува мало прозорче со поглед во мултикултуралната чешка алтернативна сцена.
Хана: „Unreal Unearth“ - Хозиер
Хана: Ова е третиот студиски албум на ирскиот музичар, објавен во 2023 со 20 песни. Сфатив дека сите албуми на Хозиер имаат тема која истата некако се поврзува со албум каверот. Има доста фолк елементи кои се спојуваат со модерен рок и електро. Би го опишала како истовремено земски и вонземски на чудно комфортирачки начин.
„Купи Ме“ - Т.Б. Трачери
Борис: Вториот студиски албум на овој бенд, објавен во 2003 година со 17 песни. Најинтересен албум за слушање. Пеењето е иконично и музиката со месеци не излегува од глава направено уште позависно со постојано повторувачка музичка фраза.
Хана: „ Лок“ - Перија
Хана: Првиот студиски албум на Перија обајвен во 2017 со 10 песни. За жал не можам да ви пратам линк од албумов затоа што го нема на интернет, што го прави уште помистичен. Ќе мора да си купите цеде. Самовили твоите омилени народни песни. Ова важи и за песните што првпат ги слушаш во албумов.
Борис: „Fašizam Ljubavi“ - Klotljudi
Борис: Првиот албум на овој српски бенд, објавен во 2021 со 12 песни. Понекогаш тешки психоделични мелодии, а некогаш леснодушни друштвено-певливи стихови. Без разлика дали во кола на автопат или на бина на свирка, Србиве прават партал.
Хана: „Давор“ - Луфтанза
Хана: Третиот албум на тој бендот што го спомнаа на тоа едно спрпско гејм шоу тогаш еднаш. Објавен е во 2022 и има само 6 песни, но ниедна помалку егсизтенцијално-комфортирачка од претходната. Албумов го дава истото чувство како кога во зима се пикаш под ќебе и се триеш додека не се стоплиш.
Борис: „Live at Bush Hall“ - Black Country, New Road
Борис: Концертен албум на британскиот бенд, објавен во 2023. Сирови чувства, насолзени очи и тешки зборови и настап во живо обесмртен во албум. Сите жичани и дувачки инструменти што го красат џезот кажуваат приказна што зборови едноставно не можат.
Хана: Малку кукавчки ќе изиграм со последниов албум и ќе го изберам компилацискиот албум на Битлси, 1967–1970, или, „Синиот Албум“, но продолжената верзија, објавена во 2023.
Хана: Многу тешка одлука беше кој албум од Битлси да го ставам во листава и затоа решив да биде компилација од повеќе албуми, поконкретно овој, затоа што опфаќа песни од посозреаната ера на овие 4 шармантни, но не помалку талентирани момци со чуден акцент. Причината зошто ја избрав толку продолжената верзија е поради трите мои омилени песни „I Want You (She's So Heavy)“, „I Me Mine“ и делумно постхумната „Now and Then“, послената песна на бендот, со кој на носталгичен начин се испраќаме со бендот, објавена 53 години по нивното распаѓање.
Борис: Малку меланхоличен крај, морам да признаам. Тоа беа нашите топ 10 албуми за 2024, иако не се сите објавени во 2024, хахаха. Ако сакате да читате како дрдориме за некој од овие албуми нареден месец, пишете ни. Се читаме во наредна прилика.
Commentaires