top of page
Writer's pictureМарија Хана Трајкоска

FACT NO.2 - The Caretaker - Everywhere at the end of time

-фактопедија: The Caretaker - Everywhere at the end of time


“Everywhere at the end of time” e албум создаден во период од 2016 до 2019 година во шест фази кои заедно траат шест часа, од автор под псевдонимот The Caretaker со цел симулација на фазите низ кои поминува лице со деменција.


Cover сликите од 6те фази на албумот

Целта на албумот е да ги симулира фазите низ кои поминува лице со деменција. Првата фаза е благ вовед кон болеста, проследена е со балска музика од 40тите и звуци на ехо кои предизвикуваат морници и "нежен" страв. Како што прогресира албумот, следните фази стануваат се подисторзирани и деградирани, зголемувајќи ги паниката и стравот кај слушателот. Последната фаза веќе не е ни мелодија, едноставно збир од хаотични звуци кои не наликуваат на ништо. Најдраматичното во овој албум е всушност самиот крај, ништото што останува на крајот од времето. Тишината која ја исполнува последната минута од албумот ја претставува смртта, меѓутоа го симболизира и крајот на уметничкиот век на авторот под тој псевдоним. Ова е албум кој ја издигнува уметноста на мета ниво. За слушателот ова не е само музика, туку уметничко соочување со нешто кое инаку не би му било познато без да го доживее.


Извор: junkee.com


Рубрика ẞ-фактопедија е направена со цел пренесување и запознавање на нови (не)познати, кул и забавни факти и анегдоти поврзани со уметноста, уметниците, книжевноста, музиката, модата или било кој друг аспект на уметноста. Следете ја нашата ẞ-фактологија секој четврток на Култура ẞ!




Comments


bottom of page