„Upcycling” значи давање некоја нова функција на нешто што се смета за отпад. Најчесто новиот предмет е пофункционален од претходно што бил. Од таму и потекнува терминот бидејќи ја зголемуваме вредноста на предметот. Ова е корисно за зачувување на планетата. Тоа е затоа што користиме веќе употребени материјали и создаваме нешто ново.
Спротивено од ,,upcycling” е ,,downcycling”. Tоа значи дека ново добиениот предмет има помала вредност од претходно што имал. Важно е да се напомене дека ,,upcycling” преставува форма на рециклирање.
Примери за ,,upcycling”:
Претворете ги старите сијалици во вазни за цвеќиња;
Употребете ги старите стаклени шишиња за да направите лампа;
Искористете делови од стари дрвени палети за да направите нови полици.
Comments