Еко-фактопедија бр. 24 - Синтетички горива
- Васил Ханџиски
- May 10, 2022
- 1 min read
Синтетички горива се течни горива кои во основа ги имаат истите својства како
фосилните горива, но се произведуваат вештачки. Можат да се користат на ист начин како што се користат фосилните горива.
Со употребата на овие горива до 2050 се проценува дека ќе се испуштат 2.8 гига
тони помалку CO2 од собраќајот. Позитивната страна е што тие го заробуваат CO₂ во текот на производниот процес.
На овој начин, стакленичките гасови стануваат суровина, од која може да се произведува бензин, дизел и природен гас со помош на електрична енергија од обновливи извори.
Клучот за нивното производство е синтетичкиот гас, кои претставува мешавина од водород (H) и јаглерод моноксид (CO).
コメント