Домот во срцето мое
Ги гледам напуштените куќи,
Останале само мртовците да ги чуваат,
Бледи лица и празни срца, сронети души.
Младоста те натера да трчаш
Со ритамот на ветрот
Кој удира во гради,
Рушејќи ги темелите на домот.
А никој од нас не сфати дека твојот дом,
Не е четири ѕида туку четири страни на светот,
Затоа твоето постоење не може да се собере
Само на едно место под небото над нас.
Ја видовме и неа, сама, крвави низ вековите што минат,
Руменилото од белото лице венее кога
Се оддалечува и си оди од домот нејзин.
Јас, сепак, ја гледам низ темница, искра ми е во очи,
Ја чувствувам во градите, кротко дише,
Нејзината мака притиска врз моето срце,
Не се предава, чука и постои,
А со неа постојам и јас.
Comments