top of page
Writer's pictureКултура β

„Додола“ од Милена Неделковска

Додола


„додолица бога моли,

ој додоле, мили боже,

дај ни, боже, ситна роса, да нароси цело поле“...


Постоеше еднаш додола:

накитена даб, липа, бозел.

Го молеше Бога за роса,

оној што на небо се вознел.


Се сожали на суша бедна

и в поле им пушти роса Тој,

на тој народ за вода страден,

за јачмен и уров неспокој.


А постои сега додола,

нагиздена зло, гнев, неукост.

Таа не моли Бога за роса,

а талка низ својата плиткост.


Жален овој е народ сушен,

а нема да го жали кој.

Јарост тлее за пакост гладен,

за век и векови беспокој.


... ... ...


Врати се додоло, попрскај

со роса надеж – ти додоло:

за едно наросено Утре!


 

Милена Неделковска е ученичка во втора година во гимназијата „Орце Николов“, живее во Скопје, а доаѓа од Прилеп. Сака музика, клавир и пеење, сака да пишува поезија и есеи и е редовен посетител на книжевните и културните настани во градов!


Commentaires


bottom of page