Нов месец, нов лик, а во декември се дружиме со младата уметница и тату-артистка Тамара Блажевска.
Таа е четврта година во гимназијата „Никола Карев“. Веќе неколку години се занимава со сликање, има учествувано на неколку групни изложби во организација на „Скала“ и „Допирна точка“, а нејзини дела се објавени на платформата „Дигиславија“ и во рубриката „Уметник на неделата“ на Култура бета. Од пред некое време се занимава и со тетоважи и нивна изработка, а веќе и активно работи на тоа поле. Повеќе за нејзината уметност и за тоа што Тамара работи може да најдете на нејзиниот профил на и
Инстаграм, @tampi.arts
Следете нѐ во текот на месецот следуваат мини онлајн галерија, интервју, а и најава за изложба!
Фото: Стефан Николовски
Comments