не знам ништо за овој живот.
каде ќе бидам,
што ќе видам,
што ќе мислам,
што ќе имам.
знам дека нема да биде како на филмовите.
ќе се плашам,
ќе се кријам во ѕидовите,
но, знам дека би сакала ти да бидеш до мене.
можеби не го имаме истиот животен пат.
барем да живееме во иста зграда,
на ист кат.
не знам како ќе живеам без тебе,
без твојата миризба, без твојот глас,
без твојата близина, без нас.
додекa не се сруши светот,
јас ќе те сакам,
и кога ќе немаме ништо,
јас сѐ ќе ти изградам.
Comments