top of page
Writer's pictureАндреј Медиќ Лазаревски

ẞ-муабет со Младен Теофиловиќ

Утре во Белград во „Квака 22“ ќе се одржи промоцијата на изборот од современа македонска поезија преведен на српски, а приреден од поетесата, преведувачката и актерката Валентина Бакти.


Во рамки на настанит покрај промоцијата на книгата, ќе се одржи и премиерата на видео-есејот „Ранливоста е дар, смртта е нестабилна, а светот е жеден за зборови“.


Видео есејот е за Скопје е снимен од Младен Теофиловиќ, а во него играат Валентина Бакти и Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур кој е и режисерот на видео есејот. Филмот е сладок, краток, но со осврт кон целокупниот избор на македонската поезија правејќи „една голема песна“ од стиховите на сите поети влезени во изборот заедно со кадри кои се снимени на најубавите локации од Скопје со бруталистичката архитектура во фокус.


По повод снимањето на овој видео есеј, разговарав на кратко со Младен Теофиловиќ кој е директор на фотографија на овој есеј.


Љубовта не е голема кога се раѓа, туку кога умира, така ли е?


1) Сѐ е така! Секоја љубов е голема секој ден.


Каква песна е Скопје, тажно-љубовна или среќно-заљубена?


Скопје е “everything everywhere all at once”.


Доминираат бруталистичката архитектура во филмот – таа ли е инспирацијата која е воплотена во скопските градби?


Скопје има неверојатна наследство во бруталистичката архитектура. Кичот во центарот на градот делува во корист на брутализмот и ја зголемува неговата монументалност. Дефинитивно инспиративно за нашиот есеј.


Ова е поетски филм, видео есеј за македонската современа поезија, колку е ваквиот жанр важен, дали преку поетските филмови се доближува поезијата до некоја нова публика?


Сметам дека филмот е нов начин на изразување и докажување на љубовта на Валентина за Скопје. Сакајќи да ни го приближи и да ни го засили доживувањето на напишаното, визуелното се чини како логичен след. Тоа не е тука да ја илустрира поезијата, туку да ја надогради.


Колку Белград и Србија знаат за македонската поезија, читате ли македонските поети?


5) Се запознав со македонската книжевност на средношколскиот книжевен фестивал „На пола пат“

('Na pola puta') во мојот роден град, каде гостуваше Румена Бужаровска, но морам да признаам дека после тоа, не го продолжив своето истражување. Односот на Валентина кон Македонија дефинитивно ме охрабрува во тоа.


Кажи ми нешто околу процесот на снимање, изборот на локации, кој е вашиот поглед на градот, како го чувствувате?


Единствена вистина за нашиот процес на создавање е дека процесот не постоеше додека не дојдовме во Скопје. Процесот го доживеавме, проживеавме, изедовме и испивме, го запознавме градот и го снимивме тоа што можеше да се почувствува, веројатно така е и со поезијата?


Инаку Теофиловиќ има дипломирано на Камера на Факултетот за драмски уметности во Белград и сега, како што и самиот кажува, снима сешто, а се знаимава и со фотографија.


Comments


bottom of page