top of page

ИМПРЕСУМ

Андреј Медиќ Лазаревски

Андреј Медиќ Лазаревски (2001, Скопје) е поет, уредник и организатор на културни настани и фестивали. Тој е дипломиран професор по филозофија на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет и студира на Катедрата по општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје. Автор е на стихозбирките „Беседење со неа“ (2021, Дата песнопој) и „Молитвени дискурси“ (2022, 2023 – 2. изменето и дополнето издание, ПНВ Публикации), како и на еден е-буклет „Црно под ноктите“ (2024, Култура Бета) што произлезе како резултат на неговата прва изложба „Црно под ноктите“.

Тој е основач на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, организатор е на книжевните настани „Поетска епизода“ и „Клинци“, главен фестивалски координатор е на „Филозофскиот филмски фестивал“, член е на извршниот одбор на Филозофското друштво на Македонија, член е на Управниот одбор на Скопскиот поетски фестивал, бил дел од тимот на кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, а моментално работи во „Кликер маркетинг“. Учествувал на повеќе поетски читања и фестивали (Стих у регији, Струшки вечери на поезијата, Поетска ноќ во Велестово, Скопски поетски фестивал, АртАреа…). Негови песни се застапени во домашната периодика и преведени се на српски јазик за книжевните списанија „Блудни стих“ и „Рукописи“, на хрватски за списанието „Поезија“ на Хрватското друштво на писатели и на англиски јазик за “Selection from A new birth of the word (an Anthology of Macedonian Young Poetry)“, издание на Струшките вечери на поезијата. Негови песни се застапени во антологиите „Македонска љубовна лирика“ (прир. Весна Мојсова-Чешишевска и Иван Антоновски, Матица македонска, 2024), „Ново раѓање на зборот: антологија на млада македонска поезија“ (прир. Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, ПНВ Публикации, 2023) и „Музика, сега и уште“ (прир. Владимир Мартиновски, Струшки вечери на поезијата, 2022). За песната „Твоја ли е градината, Алиса?“ ја добива наградата „Енхалон“ од Струшките вечери на поезијата (2024).

  

Леонид Георгиевски

Леонид е ко-основач и технички уредник на веб-сајтот на Култура β. Тој е студент на Економскиот факултет при УКИМ. Учесник е во актерскиот состав на неколку младински аматерски претстави, а се појавува и како дел од неколку бенда со кои настапува. Твори музика, пишува текстови за истата, а во последно време најмногу се ангажира со пост-продукција на проекти на Култура β и на проекти вон неа. Со голема заинтересираност учествува во секој аспект на уметноста па поради тоа застанува како ко-основач на Култура β.

 

 

 

Марија Хана Трајкоска

Хана е ко-основач на Култура β и еден од уредниците на рубриката „Хана и Борис во дијалог за албум“. Студентка е на смерот за психологија на факултетот за политички науки на универзитетот American College Skopje. Целиот живот аматерски се занимава со театар, а веќе неколку години и со музика. Позади себе има голем број аматерски претстави и свирки. Таа во слободно време се занимава со поезија. Животната цел ја насочува кон тоа да го направи светот барем малку подобро место преку својата уметност, а токму затоа е и една од основачите на Култура β.

   

 

!andrej.jpg

instagram: @andrejmedikj

email: kulturabeta@yahoo.com

medikj.com

received_255870709495393.webp

instagram: @leyoneed

email: kulturabeta@yahoo.com

122713400_707362810131280_72797234877802

instagram: @h_trajkoska

email: kulturabeta@yahoo.com

Калина Качоровска

Калина е редовна β-колумнистка и  авторка на рубриката β-предлог филм на неделата. Таа е студентка по меѓународни односи на Факултетот за политички науки и меѓународни односи при Варшавскиот Универзитет во Варшава, Полска. Себеси се опишува како љубопитна и ентузијастична и според нејзе, бидувањето позитивен и оптимистичен, пречекувањето на денот со насмевка и енергија, славењето на најобичните, секојдневни активности се нешта кои се клучни за успех, но и за убав живот.

Една од нејзините најголеми пасии е филмот. Како перформативно и живо дете, уште од најмала возраст измислува приказни кои потоа самата ги изведува. Во последните неколку години, љубовта кон седмата уметност ја оживува преку филмски фестивали. Веќе четири години е учесник на младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“ како жири, а од 2020 година, таа е и дел од тимот и модераторка на дел од дискусиите. Токму преку нив е испратена како македонска претставничка на италијанската верзија од фестивалот - Giffoni Experience, како и Salam International Youth Film Festival во Баку, Азербејџан. Во 2018 и 2019 таа е дел од младинското жири на фестивалот на европски филм, „Синедејс“.

Калина не може да седи мирна кога станува збор за неправда, па затоа дел од нејзиното живеење го посветува на активизам, особено во полето на класната и родова еднаквост.

Нејзините интереси се движат од левичарски идеали, па сѐ до анализирање на социолошките и антрополошките аспекти на локалната, но и светската уметност. Дете за сѐ, освен за одбојка и марки на автомобили.

255773246_241942674665441_5044196111210622286_n_edited.jpg

instagram: @kalinakaczorowska

email: kulturabeta@yahoo.com

Дамјан  Златановски

Дамјан Златановски е редовен колумнист на Култура β, студент на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ, сликар и основач на онлајн уметничка галерија @zlatanovski.gallery , Млад европски амбасадор (YEA), Генерален директорат за соседство и проширување на Европската комисија (DG NEAR), во Западен Балкан, поборник за подигање на младинското учество во процесот на донесување и креирање на политики и активист за животната средина. Родум од Куманово, тој е член на Друштвото на писатели од Куманово и иако не стои како автор на самостојно дело, неговата поезија, кратките раскази и есеи може да се сретнат во повеќе антологии. Страствен љубител е на кафето и филмската уметност и смета дека „[пишувањето] не служи да ти ги плати сметките, туку да те раздолжи самиот со себе“.

 

 

 

1657465934145-02_edited.jpg

instagram: @damjanzlatanovski

email: kulturabeta@yahoo.com

Марија Велинова

Марија Велинова (2003, Штип) е уредник на социјалните мрежи на „Култура бета“ и авторка на рубриката „Што има низ град?“. Повремено пишува и осврти на книги во рамки на рубриката „Огледи и разгледи“. Таа е студентка на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Авторка е на стихозбирките „Разговорите што не можевме да ги имаме“ (2021, Дата Песнопој) и „Омарнина што омалаксува“ (2023, ПНВ Публикации). Во 2022 година ја претставуваше Македонија на Интернационалната филозофска олимпијада во Лисабон. Нејзини есеи се објавени во списанието „Средношколски размислувања 4“, „Филозофска трибина“, како и на платформата „Култура Бета“. Член е на организацискиот одбор на Скопскиот поетски фестивал. Учествувала на „Скопскиот поетски фестивал“, како и на повеќе поетски читања и фестивало меѓу кои: „Отскочна даска“, „Поетска епизода“, „Добри гости“, Струшките вечери на поезијата, Скопскиот поетски фестивал и Поетска ноќ во Велестово. Нејзини песни се препеани на српски и англиски јазик. Таа е дел од тимот на кафе-книжарницата „Илика“.

 

 

 

viber_image_2023-11-06_20-14-18-011.jpg

instagram: @mar.v9

email: kulturabeta@yahoo.com

Стефан Спасовски

Стефан Спасовски е роден во Скопје, 2003 година. Средното образование го завршил во скопската гимназија ,,Орце Николов". Со студирање продолжува на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески" - Скопје. Во „Култура бета“ работи во делот на јазично уредување и редакција на текстовите. Покрај тоа, пишува поезија. Дел од тимот на кафе-книжарницата „Илика“. Добитник е наградата „Антев часовник“ што ја доделува „Антево перо“ за необјавената збирка „Ќумур смоквин млеч“. 

 

 

 

IMG_20231105_103603_631.jpg

instagram: @s.spasovskii

email: kulturabeta@yahoo.com

Наде Циева

Наде Циева е студентка на Институтот за историја на уметноста при Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје. На „Култура Бета“ ја води рубриката „β-музеј“ посветена на ликовната уметност, пишува ликовна критика и рецензии, како и осврти на настани поврзани со ликовната уметност. Иако првичен интерес ѝ е ликовната уметност, се занимава и со истражувања и во другите уметности (книжевност, фотографија и филм), а поради природата на нејзините студии се занимава и со истражувања во полето на археологијата, антропологијата и етнологијата.

 

 

 

IMG_4858.jpeg

instagram: @nadecieva

email: kulturabeta@yahoo.com

Амелиа Георгиевска

Амелиа Георгиевска е студентка по филмска критика и современи медиуми при Јагелонскиот Универзитет во Краков, Полска. На „Култура Бета“ работи во рубриката посветена на филм, „β-предлог филм“, како и во рубриката за осврти, критики и рецензии „Огледи и разгледи“. Покрај интересот за филм и филмска критика, таа е активна и во полето на фотографијата, книжевноста и драматургијата.

 

 

 

Култура Бета фотка.JPG

instagram: @ameliageorgievska_

email: kulturabeta@yahoo.com

Поранешни членови:

Надворешни соработници:

Ирина Илиева, философска беседа/философски муабет

Никола Ристевски Шиндре, философска беседа

Борис Дебси, „Хана и Борис во дијалог за албум“

Ивана Јовановска, уметничка рецензија

Ангела Бошкоска, Огледи и разгледи

Ана Илиева, колумна/Културоглед

Георгина Петреска, бета-колумна

Ева Стојчевска, еко-колумна

Софија Тодороска, Книга на неделата/Бисери

Андреј Сивески, музичка рецензија

Леонид Велковски, предлог-филм

Васил Ханнџиски, еко-факопедија

Иван Николов, бета-колумна

bottom of page